Велешка Котлина
мала котлина во централна Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Велешка Котлина — мала котлина во Повардарието, како склоп од сливните подрачја во речните ерозивни проширувања на Бабуна и Тополка и непосредното проширување по реката Вардар меѓу Таорската и Велешката Клисура.
Ограничена е со водоразделната линија, која води по планините: Клепа, Бабуна, Јакупица и Голешница од западната и разграноците од Градиштанска Планина и ридовите кон Овче Поле од источната страна на Вардар.
Клисурата зафаќа површина од 1.166 км2[1]. Поголемиот дел од просторот е ридесто и планинско земјиште со околу 25 км2 рамничарски простор, претежно висок од 100 до 200 м.