Вилијам Лоренс Брег
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сер Вилијам Лоренс Брег (31 март 1890 — 1 јули 1971) — Британски физичар и кристалограф со Австралијанско потекло кој го поставил (1912 г.) Бреговиот закон за дифракција на X-зраци, кој е основа за определување на кристалната структура. Тој беше заеднички добитник (со неговиот татко, Вилијам Хенри Брег) на Нобелова награда за физика во 1915: "За нивната заслуга во анализата на кристалната структура со помош на X-зраци"[1] важен чекор во развојот на Рентгенската структурна анализа. Тој бил прогласен за витез во 1941.[2] Заклучно со 2014 година, Лоренс Брег е најмладиот добитник на Нобелова награда за физика, примајќи ја наградата на само 25 годишна возраст.[3] (Најмлад добитник на Нобелова награда од сите категории е Malala Yousafzai во 2014 година на возраст од 17 години). Брег беше директор на Кевендишката Лабораторија, во Кембриџ, кога откривањето на структурата на ДНК беше пријавено од Џејмс Ватсон и Францис Крик во февруари 1953 година.
Сер Вилијам Лоренс Брег | |
---|---|
Вилијам Лоренс Брег во 1915 година | |
Роден(а) | 31 март 1890(1890-03-31) Северна Аделаида, Јужна Австралија |
Починал(а) | 1 јули 1971(1971-07-01) (возр. 81) Валдрингфилд, Ипсвич, Сафолк, Англија |
Националност | Британец |
Полиња | Физика |
Установи | Универзитет на Манчестер Кембрички универзитет |
Образование | Универзитет на Аделаида Кембрички универзитет |
Докторски ментор | Џ.Џ. Томсон В.Х. Брег |
Докторанди | Џон Кранк Роналд Вилфрид Гурни Алекс Стоукс |
Познат по | Дифракција на X-зраци Брегов закон |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1915) Баернардов медал (1915) Матеучиев медал (1915) Хјузов медал (1931) Кралски медал (1946) Реблингов медал (1948) Коплиев медал (1966) |