Волшка Бугарија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Волшка Бугарија или Волшко-Камска Бугарија била средновековна држава на територијата околу реките Волга и Кама. Денес се смета дека Волшка Бугарија била создадена околу 665 од хан Котраг, еден од синовите на ханот Кубрат. Земјата добила независност од Хазарскиот хаганат кон крајот на 9-ти или почетокот на 10-ти век.
- Оваа статија е за старата држава во Источна Европа. За денешната држава видете Бугарија, а за останати поими водете ја страницата за појаснување.
Волшка Бугарија | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Главен град | Болгар Биљар | ||||
Јазици | Прабугарски | ||||
Вероисповед | Тенгризам, потоа Сунитски ислам | ||||
Уредување | Монархија | ||||
Историски период | Среден век | ||||
- | Основана | 7ми век | |||
- | Преобраќање во ислам | 922 | |||
- | Освоена од Монголите | 1240ти | |||
Денес во | Русија | ||||
Населението на Волшка Бугарија започнало да зборува на кипчачки јазик, кој бил распространет во Златната Орда. Понатака, месното население се измешало со останатите кипчачки племиња, кои биле од регионот на Алтајските Планини. Денес се смета дека чувашкиот јазик потекнува од прабугарскиот јазик. Територијата на Волшка Бугарија се одделила од Златната Орда пред 15 век и станала позната како Казанско ханство, кое пак било освоено пред 1556 година од руските војски на Иван Грозни. Денес потомците на населението на земјата се нарекуваат Казански Татари, иако некои од нив го претпочитаат терминот Прабугари.