Георги Баласчев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Георги (Ѓорѓи) Баласчев (10 април 1869 во Охрид - 4 октомври 1936 во Софија), историчар, еден од водачите на софискиот кружок на македонските студенти од кои ќе никне „Младата македонска книжевна дружина“ во 1891 година. Автор на повеќе прилози на тема Македонија кои ги објавувал под псевдонимот „Езерски“ во сепаратистичкото списание „Лоза“[1].
Георги Баласчев | ||
Роден | 10 април 1869 Охрид, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 4 октомври 1936 Софија, Бугарија |
Познаник на Мисирков од заедничкиот престој во Белград (1889) и во Софија (1890), кој во времето кога се ставаа основите на Младата македонска книжовна дружина, под псевдонимот Езерски, ја објави првата книга на македонски јазик за лозарското движење: „Неколку кратки летописни белешки за состојбата на западните Македонци...” (Софија, 1890).
Како човек, кој живееше во Бугарија, Баласчев не еднаш го креваше гласот во полза на својата поробена и подоцна раздробена татковина.
Учил во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Во периодите 1899-1902, 1904-1908 и 1924-1934 бил учител во Софиjа, во 1902-1903 бил уредник во Археолошкиот музеj во Софиjа, во 1919-1923 во Етнографскиот музей во Софиjа, а во 1934-1936 бил инспектор во бугарското Министерство за образование.