Даб
род на листопадни дрва / From Wikipedia, the free encyclopedia
Даб (науч. Quercus) — род на дрвја и грмушки со околу 600 вида. Автохтон е на северната полутопка и има листопадни и зимзелени претставници што виреат од умереноконтиненталните до тропски предели во Европа, Азија и Америка. Земајќи ја предвид општата разновидност, за центар на ендемизмот на дабовите се смета Северна Америка, особено Мексико.[1]
Даб | |
---|---|
Листови и желади на разни видови даб | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Буковидни |
Семејство: | Буки |
Род: | Даб L. |
Видови | |
во текстот. |
Дрвото има спирално распоредени листови со брановидни рабови, а постојат и видови чии рабови се назабени или сосем мазни. Лисјата на голем број видови не паѓаат на есен, туку дури на пролет. По ова излегуваат цветовите, кои имаат облик на реси. Плодот е орев наречен желад сместен во чашичка, со по една семка и узрева за 6–18 месеци, зависно од видот. Постојат и зимзелени видови, но не сочинуваат посебна група.