Департмани во Франција
административна единица на Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Департманите во Франција (француски: département) и многу поранешни колонии се крупни административни единици. Во склоп на Република Франција постои 101 департман, групирани во 13 региони во Франција и 5 региони во прекуморски територии, и сите имаат сосем ист правен статус како делови од Франција. Департманите се поделени на 332 окрузи, кои пак се делат на кантони. Секој кантон се состои од неколку општини општини. Во прекуморските територии, некои општини играат улога на департмани.