Региони во Франција
првостепена административна единица во Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Франција се дели на 18 региони (француски: régions), од кои 13 се матични (континентални), а 5 се прекуморски.[1] Матичните региони (во кои спаѓа и островот Корзика) се делат на 2 до 13 департмани, додека пак прекуморските имаат по еден, па затоа се нарекуваат и „прекуморски департмани.
Кратки факти Регион Région, Категорија ...
Регион Région | |
---|---|
Категорија | унитарна држава |
Место | Франција |
Број | 18 |
Можен статус | прекуморски регион (5) |
Дополнителен статус | територијална заедница |
Населенија | 212.645 (Мајот) – 12.005.077 (Ил де Франс) |
Површини | 376 км2 (Мајот) – 84.061 км2 (Нова Аквитанија) |
Управа | регионална управа, државна влада |
Подединици | департман |
Затвори
Поимот „регион“ е утврден со Законот за децентрализација од 2 март 1982 г. во кој се пропишува правниот статус на регионите. Во 2016 г. нивниот број е намален од 27 на 18 со спојување.