Драматица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Драматица или Ангиста (понекогаш Драманица[1]; грчки: Αγία Βαρβάρα/Αγγίτης, Ангитис) — река во источниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) по чие течение е сместен градот Драма. Во Грција, за почеток на реката се смета нејзината притока Панега, која извира од пештерата Маара кај с. Нов Калапот (Ангитис) и се влева во Драматица кај с. Фотилово. Драматица почнува од нејзините извори во Драма и сè до Фотилово Грците ја нарекуваат Света Варвара (Аја Варвара).
Драматица Αγία Βαρβάρα/Αγγίτης | |
---|---|
Драматица во клисурата Ташлак | |
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Драмско и Серско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Драма |
• координати | 41.1504° СГШ; 24.1413° ИГД / 41.1504; 24.1413 |
Устие | |
• место | Струма кај Доксамбос |
• координати | 40.9020° СГШ; 23.8106° ИГД / 40.9020; 23.8106 |
Должина | 75 км |
Особености на сливот | |
Со должина од 75 км, Драматица е најголемата притока на Струма во Егејска Македонија. Тече низ Драмско и Серско.
Почнувајќи од кај зихненското село Баница, јужно од Алистратик, реката тече стрмната клисура Ташлак (Враус) должина од 9 км и длабочина од 80 до 150 метри. Завршува кај Станица Анџишта (Статмос Ангистис), каде се наоѓа стариот Драматички мост. Водите во клисурата се мошне погодни за практикување на сплаварењето. Оттука, реката преоѓа во полето, каде се влева во Струма.