Душко Малевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Душко Малевски (Тетово, 14 април 1924 - Скопје, 8 август 2007 )[1] бил македонски новинар, еден од најпознатите македонски надворешно-политички коментатори и уредници. Во новинарството бил од 1948 година. Од 1951 во „Нова Македонија“ каде што останува до пензионирањето во 1985. Тој е ден од основачите на неделникот „Репортер“. Бил известувач од многубројни значајни настани и форуми во светот. Единствен новинар на „Нова Македонија“ што бил постојан дописник од Париз, Рим, Атина и Софија. Бил учесник во НОБ.[2]