Едвард Исповедникот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвард Исповедникот (староанглиски: Ēadƿeard Andettere; латински: Eduardus Confessor; ок. 1003 година – 5 јануари 1066 година) бил претпоследниот англосаксонски крал на Англија и се смета за последен владетел од Весекс династијата. Владеел од 1042 до 1066 година.
Едвард Исповедникот | |
---|---|
EDWARD(US) REX: Едвард Исповедникот, устоличување, почетна сцена од Таписеријата Баје | |
Крал на Англија | |
На престол | 8 јуни 1042 – 5 јануари 1066 |
Крунисување | 3 Април 1043, Винчестерска катедрала |
Претходник | Хартакнут |
Наследник | Харолд II |
Роден(а) | ок. 1003–1005 Ајслип, Оксфордшир, Англија |
Починал(а) | 5 јануари 1066 (возраст 60–63) Лондон, Англија |
Почивалиште | Вестминстерска опатија, Лондон |
Сопружник | Едит од Весекс |
Династија | Весекс |
Татко | Етелред II |
Мајка | Ема од Нормандија |
Едвард бил син на Етелред Неподготвениот и Ема од Нормандија. На престолот го наследил синот на Кнут Велики (и негов полубрат) Хартакнут. Откако Кнут ја освоил Англија во 1016 година следел период на данско владеење со Англија, а со доаѓањето на Едвард на власт била реставрирана Династијата Весекс. Кога Едвард починал во 1066 година, него го наследил неговиот шура Харолд Годвинсон, кој истата година бил поразен и убиен од Норманите под водство на Вилијам Освојувачот во битката кај Хеjстингс. По битката кај Хестингс во 1066 година, за крал бил прогласен Едгар Етелинг (правнук на Едвард), но не бил крунисан и бил мирно симнат по околу осум недели.
Неговото владеење било одбележано со слабеење на кралската моќ во земјата, како и со распаѓање на англосаксонското општество и слабеење на одбранбената способност на државата. Овие фактори, биле причината поради која Вилијам Освојувачот (негов правнук и војвода од Нормандија) релативно лесно ја потчинил Англија веднаш по смртта на Едвард во 1066 година.[1]
Едвард Исповедникот посветил големо внимание на промовирањето на христијанските доблести. Во 1161 година, папата Александар III го канонизирал, и оттогаш Едвард бил еден од националните светци на Англија, до околу 1350 година кога кралот Едвард III го прифатил Свети Георги од Лида како национален светец-заштитник. Во моментов Свети Едвард е почитуван како светец во Црквата на Англиската и Католичката црква и се слави на 13 октомври.