Едгар Алан По
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едгар Алан По (англиски: Edgar Allan Poe, 19 јануари 1809 — 7 октомври 1849 ) — американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат по своите мистериозни и раскази за макабрата, По е еден од првите американски раскажувачи и се смета за творец на детективската и криминалистичката проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика.[1]. Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера.
Кратки факти Едгар Алан По, Занимање ...
Едгар Алан По | |
---|---|
Дагеротип на По сликан во 1848 г. | |
Занимање | Поет, раскажувач, книжевен критичар |
Жанр | Хорор раскази, детективски раскази, криминалистички раскази |
Книжевно движење | Романтизам |
Сопруг/а | Вирџинија Елајза Клем По |
Потпис |
Затвори