Епирско Деспотство
некогашна држава на Балканот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Епирско Царство (грчки: το Βασίλειο της Ηπείρου)[2], Епирска Држава[3][4][5] или Епирско Деспотство[6] (грчки: Δεσποτάτο της Ηπείρου) — историска држава, која била создадена во 1204 година на западните делови од Балканскиот Полуостров со престолнина Јанина, во времето кога Цариград бил преземан од страна на крстоносците, при кое било создадено Латинското Царство. Деспотството било основано од страна на една гранка од династијата Ангели, која тврдела дека е легитимен наследник на Византија. Останатиот дел од Византија бил разделен на: Трапезунтско Царство, Никејско Царство и Епирско Деспотство. Владетелите на Никејското Царство и Трапезунтското Царство исто така имале претензии за наследници на Византија, накратко прогласувајќи се во 1225 / 1227–1242, време кога земјата се нарекувала Солунско Кралство. Терминот „Епирско Деспотство“, како и „Византиско Царство“, е модерна историографска конвенција и не име во употреба во тоа време.
Епирско Деспотство | |||||
Δεσποτᾶτον τῆς Ἠπείρου | |||||
Вазалство на Латинското Царство, Второто Бугарско Царство, Никејското Царство и Византија, Отоманското Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Главен град | Арта (1205–1337/40, 1430–49), Јанина (1356–1430), Ангелокастро (1449–60) | ||||
Јазици | Грчки јазик[1] | ||||
Вероисповед | православие | ||||
Уредување | монархија | ||||
Десппот на Епир | |||||
- | 1205–1214 | Михаил I Комнин | |||
- | 1448–1479 | Леонардо III Токо | |||
Историски период | среден век | ||||
- | Основање | 1205 | |||
- | Византиско освојување | 1337/40 | |||
- | Повторно воспоставување од Никифор II Орсини | 1356 | |||
- | Отоманско освојување на Воница | 1479 | |||
Денес во | Албанија Грција | ||||
a. | ^ Претпоставено на Солунското Царство, 1224–30; привремено никејско освојување, 1259–60 | ||||
b. | ^ Во унија со Графство Кефалонија и Закинтос по 1416 година | ||||
„Епирско Деспотство“ на Ризницата ? |
Деспотството се наоѓало во регионот на Епир, опфаќајќи ја и Албанија и западниот дел на Егејска Македонија, делови од Тесалија и западна Грција, јужно од Нафпактос. Преку политика на агресивна експанзија под Теодор Комнин Дука, Епирското Деспотство накратко владеело и со централна Македонија, со основањето на Солунското Кралство во 1224 година, и Тракија на исток како Димотика и Адријанолис и било на работ да го освои Цариград и да ја обнови Византија, но по големиот пораз во Битката кај Клокотница во 1230 година од страна на Второто Бугарско Царство, овие планови не успеале. После тоа, државата своето јадро го зацврстила во Епир и Тесалија и била принудена да биде вазалство кон другите регионални сили. Сепак, успеала да ја задржи својата автономија сè додека не била обновена династијата Палеолог во околу 1337 година. Во 1410-тите години, грофот на Кефалонија и Закинтос Карло I Токо успеал да го обедини јадрото на Епир, но неговите наследници постепено започнале да ја губат територијата во корист на Отоманското Царство. Ова деспотство се зачувало сè до средината на XIV век кога било вклучено во составот на Отоманското Царство, а Воница било последно упориште, кое паднало во 1479 година.