Железница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Железница или железнички превоз — превоз на патници и стоки по пруга.[1]
Возилата што возат на пругата се распоредени во воз; серија на поединечни возила (со или без погон) поврзани заедно. Овие возила (најчесто наречени вагони или коли) се движат со многу помало триење од возилата што возат со гуми на поплочен пат, и како резултат, локомотивата што го влече возот многу поефикасно ја искористува енергијата.