Знаме на Лихтенштајн
From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Лихтенштајн (германски: [Flagge Liechtensteins] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) е составено од две хоризонтални полиња во сина и црвена боја и кралска круна сместена во левиот горен агол.
Кратки факти Употреба, Сразмер ...
Употреба | граѓанско и државно знаме |
---|---|
Сразмер | 3:5 |
Усвоено | во денешната форма на 30 јуни 1982 година |
Опис | две хоризонтални полиња во сина и црвена боја и кралска круна сместена во кантонот |
Затвори
Боите и симболите на знамето имаат културно, политичко и регионално значење. Сината го претставува небото, додека црвената боја алудира на „вечерните огнови“ кои се палат во куќите низ земјата. Круната го олицетворува „единството на луѓето и нивниот принц“.[1] Постои недореченост околу бојата на круната, некои сметаат дека е златна, а други жолта.