Ираклиј I
римски император од 610 до 641 година / From Wikipedia, the free encyclopedia
Флавиj Ираклиј Август (латински: Flavius Heraclius Augustus; грчки: Ηράκλειος, Hērakleios), (575 година - 11 февруари 641 година) бил византиски цар кој владеел во периодот од 5 октомври 610 година до 11 февруари 641 година. Познат и како Ираклиј I.
Ираклиј I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиски цар | |||||
На престол | 5 октомври 610 – 11 февруари 641 | ||||
Крунисување | 5 октомври 610 | ||||
Претходник | Фока | ||||
Наследник | Константин III Ираклиј Ираклиј II | ||||
Роден(а) | околу 575 Кападокија, денешна Турција | ||||
Починал(а) | 11 февруари 641 | ||||
Сопружник | Фабија Евдокија Мартина | ||||
Деца | Константин III Ираклиј Ираклиј II Јован Аталарих | ||||
| |||||
Династија | Ираклиева династија | ||||
Татко | Ираклиј Стариот | ||||
Мајка | Епифанија |
Ираклиева династија | |||
Хронологија | |||
Ираклиј I | 610–641 | ||
со Константин III совладетел, 613–641 | |||
Константин III | 641 | ||
со Ираклиј II совладетел | |||
Ираклиј II | 641 | ||
Констанс II | 641–668 | ||
со Константин IV (654–668), Ираклиј и Тибериј (659–668) совладетели | |||
Константин IV | 668–685 | ||
со Ираклиј и Тибериј (668–681), и Јустинијан II (681–685) совладетели | |||
Јустинијан II | 685–695, 705–711 | ||
со Тибериј совладетел, 706–711 | |||
Наследување | |||
Претходела Јустинијанова династија и Фока |
Следи Дваесетгодишна анархија |
Означувајќи го почетокот на својата династија, тој се претставил како способен реформатор, вовел длабоки промени во византискиот менаџерски и воен ред. Создал организација на провинциите по теми. Ираклиј исто така ги неутрализирал Персијците и Аварите како непријатели. За време на неговото управување започнале првите судири меѓу христијани и муслимани, како последица на што империјата ги загубила Светата земја, Сирија и Египет. Ираклиј I одржувал добри односи со владетелот на Голема Бугарија хан Кубрат, кого во 635 година го удостоил со титулата патрициј.