Историја на Иран
From Wikipedia, the free encyclopedia
Историја на Иран (честопати позната како Персија во западниот свет) е тесно поврзана со историјата на поголем регион кој се протега од реката Дунав на запад, па на исток до реката Инд и Сирдарја, односно од Кавказ, преку Касписко Море и Аралското Езеро на север па сè до Персиски Залив, Омански Залив и Египет на југ.
Иран е дом на една од најстарите континуирани големи цивилизации во светот, со историски и урбани населби уште од 7000 п.н.е.[1] Југозападниот дел од Иранската Висорамнина се наоѓа на подрачјето кое се смета за антички Близок Исток, со неколку цивилизации кои постоеле на тоа подрачје како Еламите во периодот на раното Бронзено време. Хегел ги именува Персијците како „прв историски народ“.[2] Вистинскиот процут на Персија се случило во Железно време, како резултат на доаѓањето на иранските народи на тоа подрачје. Иранските народи ја формирале Медијанската династија (625 п.н.е.)[3], по кое следувало формирање на поголем број на царства, како Ахеменидско Царство, Партско Царство и Сасанидско Царство кои постоеле во класичниот антички период.
Некогаш голема империја, како што отсекогаш била нарекувана како Персија, многу често била освојувана нејзината територија а поради тоа и имала чести промени на територијалните граници. Персија како голема супер сила[4][5], била напаѓана и освојувана од страна на Грци, Римјани, Арапи, Турци, Монголци и други народи, често биле вмешани во политики од големи размери па затоа оваа царство воспоставило слика во светот дека се разликува од останатите поради нејзиниот уникатен политички и културен систем.
Иран е дом на еден од најстарите цивилизации којшто во континуитет некогаш постоеле, со историски и урбани населби, кои датираат 4000 година п.н.е. Медијците ја споиле целата иранска територија заедно со целокупното иранско население во 625 година п.н.е. Ахеменидското Царство е првото од низата на ирански царства кои владееле од Балканот, Северна Африка па сè до Средна Азија со главен град Персеполис. Оваа царство ќесто се нарекува и прво светско царство[6]. Првата персиска империја била единствената цивилизација во целата историја која поврзувала над 40% од светското население, со околу 49,4 милиони од 112,4 милиони луѓе во светот во околу 480 п.н.е.[7] Тие биле наследени од Селевкидите, Партите и Сасанидите кои владееле со Иран скоро 1000 години.
Исламското освојување на Персија довело до распаѓање на Сасанидското Царство во 644 година. Ова претставува пресвртна точка во иранската историја. Исламизацијата на Иран се одвивала од 8 до 10 век и довело до постепено изумирање на зороастријанската религија. Меѓутоа постигнувањата на оваа царство во претходниот период не биле изгубени туку биле присвоени од исламската култура и претопени во ново политичко и цивилизациско царство.
После вековна окупација и нивните династии кои кратковремено претстојувале на престолот, Иран повторно била споен во својата целовитост како независна држава во 1501 година[8]. За време на династијата на Сефевидите кои го востоставиле исламскиот шиизам како официјална државна религија, создавајќи пресвртница во историјата на исламот[9]. Иран бил монархија со кој владеел шах или цар, скоро и без престан од 1501 до 1979 година, до Иранската револуција по која Иран станала република на 1 април 1979 година[10][11].
Во текот на првата половина на 19 век Иран изгубил многу од своите територии на Кавказ, кои со векови биле составен дел на Иран. На овие територии денеска се наоѓаат земјите како Источна Грузија, Дагестан, Азербејџан и Ерменија, и истите биле освоени од страна на Руското Царство по крајот на руско-персиските војни помеѓу (1804-1813) и (1826-1828)[12].