Историја на Македонија (1991 - денес)
никогаш NORTH MACEDONIA / From Wikipedia, the free encyclopedia
Самостојна, суверена и независна Република Македонија е конституирана со Декларацијата на Собранието на СРМ од 15 јануари 1991 година, а определбата е потврдена на референдумот за самостојност и независност од 8 септември 1991 година. Веднаш била признаена од повеќе земји. Бугарија прва ја признава новата држава на 15 јануари 1992 година. Турција, Русија и поранешните југословенски републики го направија истото. Србија воедно и СРЈ ја призна Македонија дури во 1996 година.
Од 1990 до 2006 година биле одржани четири парламентарни и исто толку претседателки избори. Прв претседател на државата (во два мандата) бил Киро Глигоров. Потоа Борис Трајковски [1]. , а по неговата смрт бил избран Бранко Црвенковски. Актуелен претседател е Стево Пендаровски. Прв претседател на Владата на самостојна Македонија бил Никола Кљусев, а потоа биле избирани Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Никола Груевски.
Самостојноста Македонија се соочила со многубројни политички и економски проблеми. Многу од нив, како, на пример, спорот околу името, приемот во европските интеграции, вработеноста и др. не се решени ни до денес.
Во 2001 година доаѓа конфликтот помеѓу македонските безбедносни сили со дел од албанската етничка заедница во Македонија. Научната мисла сè уште нема научно објаснување за тоа. Конфликтот не добил големи размери, но државата во економски и политички поглед ја вратил многу назад. Одредбите од т.н. Рамковен договор, потпишан на 13 август 2001 година во Охрид, со присуство и на претставници од меѓународната заедница, постепено бил имплементиран во измените на Уставот на Република Македонија и во нејзиното законодавство.