Кахетија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кахетија (груз.: კახეთი) е регион во источна Грузија. Се граничи со малиот планински регион Тушети и планинскиот масив Голем Кавказ на север, Азербејџан на исток и југ, и регионот Долна Картли на запад. Најголема река во источниот дел е реката Алазани, а на западниот дел реката Иори. Кахетијанците зборуваат локален дијалект на грузискиот јазик.