Клисура (географија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Клисура (латински: [clausura] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)), кланец[1] или дервен[2] – тесна и длабока речна долина со високи и стрмни страни.[3]
Клисури настануваат под дејство на флувијалната или речна ерозија. Клисурите се долини во речните текови кои настануваат со селективна ерозија на карпите, така што просторите со потврди карпи се стрмни и тесни.[4] Кај нас постојат бројни клисури — Дреновска, Демиркаписка, Бродска, Скочивирска и др.
Доколку клисурите се протегаат во помала должина тогаш се именуваат како сатески, се јавуваат во композитни долини на големи реки.