Косовски Вилает
From Wikipedia, the free encyclopedia
Косовскиот вилает (турски: Kosova Vilayeti), од 1888 година познат како Скопски вилает, бил посебна административно-управна единица во рамките на Османлиското Царство со седиште во Приштина, егзистирал во периодот меѓу 1877 – 1912 година. Во септември 1888 година седиштето на вилаетот од Приштина било преселено во Скопје и од таа година е познат како Скопски вилает [1][2][3].