Крушевска Република
поранешна краткотрајна револуционерна држава во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Крушевска Република (3 — 13 август 1903,[ˣ 1] влашки: Republica di Crushuva[1]) — востаничка месна власт во времето на Илинденското востание. По ослободувањето на Крушево, 3 август 1903, била воспоставена востаничка власт, организирана врз републиканско-демократски и револуционерни начела, под претседателство на Никола Карев, началник на Горското началство — воена власт на слободната територија.
Крушевска Република Republica di Crushuva | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Гесло „Слобода или смрт “ | |||||
Востаничката ослободена територија на Крушевската Република (розево) во регионот Македонија (жолто) | |||||
Главен град | Крушево | ||||
Јазици | македонски | ||||
Уредување | република | ||||
Претседател | Никола Карев | ||||
Претседател на привремената влада | Вангел Дину | ||||
Историја | |||||
- | Создавање | 3 август 1903 | |||
- | Враќање под отоманска власт | 13 август 1903 | |||
Население | |||||
- | почеток на XX век | 9.350 | |||
Валута | акче | ||||
Денес во | Македонија | ||||
Највисок орган на цивилната власт бил Советот на месната револуционерна власт што се состоел од 60 членови. Советот избрал Привремена управа од 6 члена: Вангел Дину (претседател и одговорен за судството), Ѓорѓи Чаче (реквизиција), Теохар Нешков (финасии), Христо Ќуркчиев (градоначалник и одговорен за редот и за безбедноста), Димитар Секулов (прехрана) и Никола Баљу (санитет).
Во текот на своето десетдневно постоење Владата организирала револуционерен суд за кривични и за граѓански предмети, поштенска служба, санитетска служба со болница, леарница за куршуми, производство на востаничка опрема, бил распишан данок и започнало собирање доброволни прилози, извршена е реквизиција на предмети и објекти за потребите на востаничката власт и за одбраната на градот, претпријатијата биле национализирани, биле изработени неколку црешови топчиња, биле преземени мерки за фортификациско утврдување на градот за одбрана.
Со декларација (позната како Крушевски манифест) било повикано муслиманското население од околните села да остане мирно.