Македонска крвава свадба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Македонска крвава свадба е најкомплетниот драмски текст на Војдан Чернодрински, како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот дострел, околу чие создавање и изведување изникнале цели перипетии.[1] Во текот на размислувањата околу фабулата и ликовите, Чернодрински го најавил својот нов драмски проект, а заинтересираните - веќе заинтригирани од познатите авторот - веднаш побарале да го прочитаат - ненапишаниот текст и да се отпочне со распределбата на улогите! За да не се посрамоти, Чернодрински во еден навистина рекорден рок го напишал текстот. Малку подоцна, преку пробите, јавноста индиректно била запознаена со самата содржина на делото. Така дошло до интервенција кај официјалните бугарски власти од страна на еден туѓински дипломат кој побарал да се прекратат пробите на оваа драма. Реакционерната власт издала заповед за да се престане со работата над сценската реализација на делото. А кога главните протагонисти се оглушиле од таа заповед и ја закажале премиерата, пред зградата на "Славјанската беседа" во Софија, на самиот ден на премиерата, стигнала група вооружени коњички стражари со цел да ја разбркаат публиката. Пред нив, меѓутоа, застанале повеќемина четници и со парабелуми во рацете - го обезбедиле текот на премиерната изведба!
корица на книгата | |
Автор | Војдан Чернодрински |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | драма |
Издадена | 1896 г. |
Медиум | Печатена |
Страници | 70 |
- За филмот, видете Македонска крвава свадба (филм)
Премиерата се одржала на 7 ноември 1900 година.
Како што тоа се случило со Стендал, Достоевски, Флобер, а во нашиов век и со Иво Андриќ, така и Војдан Чернодрински за делото Македонска крвава свадба се инспирирал од еден краток новинарски извештај од животот во Македонија. Во весникот "Реформа" ја прочитал Чернодрински дописката за која подоцна, во своите Спомени ќе ја забележи: „Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед".