Марлон Брандо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Марлон Брандо Џуниор (3 април 1924 – 1 јули 2004), беше американски глумец на филмското платно и во театрите. Сметан за еден од најдобрите и најважните американски глумци[1], Брандо беше еден од само трите професионални глумци заедно со Чарли Чаплин и Мерлин Монро именуван во магазинот “Тајм (Time)” како еден од стотте најличности на XX век. Брандо има значаен удел во филмското глумење. Беше злогласен за неговото лоша “мрморлива” дикција и суровиот животински магнетизам сепак неговите темпераментни и живи настапни беа високо ценети и широко се смета за еден од најдобрите и највлијателните глумци на XX век. Режисерот Мартин Скорсезе за него изјави “тој е печатот: филмот се мери како “пред Брандо” и “по Брандо”. Брандо беше рангиран како четврти најдобар глумец од страна на Американскиот филмски институт за машки глумци кои своето деби на малите екрани го имале до или во 1950 г. Како долготрајна културна икона, Брандо стана бокс-офис ѕвезда за време на 1950те, време за кое пет пати беше номиниран за Оскар за најдобар машки глумец и трипати по ред ја освои “BAFTA” наградата за најдобар глумец како главна улога. На почетокот здоби популарност со улогата на “Стенли Коваслки” во филмот ”A Streetcar Named Desire” (1951), настапот во претставата “Тенеси Вилијамс” го направи голема ѕвезда на Бродвеј од 1947 до 1949, улогата како ”Terry Malloy” во “On the Waterfront” (1953) со која доби Оскар како и неговото иконско претставување на бунтовничкиот водач на моторџиите “Johnny Stabler” во “The Wild One” (1953) што се сметаше за совршена слика за поп културата[2]. Брандо беше номиниран за Оскар и за улогите како “Emilliano Zapata” во “Viva Zapata!” (1952), “Mark Antony” во филмот режиран од страна на Жосеф Л.Манкиевич според книгата “Julius Caesar” на Шекспир, “Lloyd Gruver” во “Sayonara” (1957). Во оваа декада, Брандо се појави трипати во списокот на десет ѕвезди кои најмногу заработуваат, во 1954 г. како десетти, 1955 г. како шести, и како четврти во 1958 г[3].
Марлон Брандо | |
---|---|
Марлон Брандо во Трамвај наречен Желба, фотографиран од Карл фан Вехтен, 1948 | |
Роден(а) | Марлон Брандо, Џр. |
Активен | 1944-2001 |
Сопружник | Ана Кашфи (1957-1959) Мовита Кастанеда (1960-1962) Тарита Терипиа (1962 - 1972) |
Брандо го режираше и глумеше во култниот вестерн филм “One-Eyed Jacks” чија премиера беше во 1961 год, по што глумеше во неколку неуспешни проекти почнувајќи со филмот “Mutiny on the Bounty” (1962) направен според истоимената новела. ’60-те беа неуспешна декада за Брандо, и после 10 години во кои не настапи во ниеден комерцијално успешен филм, го освои својот втор Оскар за улогата на “Vito Corleone” во филмот “The Godfather” режиран од Френк Копола во 1972 г. која критичарите ја оценуваат како една од неговите најдобри. Овој филм кој стана комерцијално најуспешен во времето кога беше издаден заедно со улогата како “Paul” во “Last Tango in Paris” (1972), која беше номинирана за Оскар и дадоа нова димензија на кариерата на Брандо и го сместија во врвот на бокс-офис ѕвездите како и на шестото место меѓу десетте ѕвезди кои најмногу заработуваат во 1972 г. и на десеттото во 1973.
Брандо не успеа да го зграпчи моментот од издигањето на неговата кариера, земајќи голема пауза додека да се појави во “The Missouri Breaks” во 1976 исто така огромен хит на филмскиот бокс-офис. После овој период доби неколку високо платени улоги за краткото појавување во филмовите “Superman” во 1978и “The Formula” во 1980 по што паузираше девет години од филмското платно. Според Гинисовата книга на рекорди, Брандо бил платен рекордени 3.7 милиони долари (денешни 14 милиони) плус 11.75% од бруто заработката за 13 дена работа во улогата како Џор Ел во Супермен зголемувајќи ја својата мистичност. Ги заврши ’70-те со контроверзната улога како поручникот “Walter Kurtz” во уште еден филм на Френк Копола, “Apocalypse Now” (1979) огромен хит на бокс-офисот од кој Брандо имаше огромна заработка која му помогна за финансирање паузата во неговата кариера за време на ’80-те. Брандо беше и активист, поддржувајќи многу проблеми посебно оние за граѓанските правата на Афроамериканците и протестите на Индијанците.