Методија Шаторов-Шарло
македонски деец / From Wikipedia, the free encyclopedia
Методија Шаторов-Шарло (10 јануари 1897 во Прилеп — 4 септември 1944 во Пазарџик) — македонски комунист и национален деец. Како долгогодишен активист во комунистичкото движење, Шарло непосредно пред Втората светска војна доаѓа на чело на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Македонија и на почетокот од бугарската окупација на Вардарска Македонија ја приклучува македонската комунистичка организација кон Бугарската работничка партија. Овој потег е осуден од страна на југословенското комунистичко раководство — тој е исклучен од КПЈ — а по ослободувањето поради него официјалната македонска комунистичка историографија ќе го третира Шарло исклучително негативно. Во Бугарија се смета за бугарски партизан.
Кратки факти Роден, Починал ...
Методија Шаторов-Шарло | ||
Роден | 10 јануари 1897
Прилеп, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 4 септември 1944(1944-09-04) (возр. 47) Пазарџик, Бугарија | |
Националност | Македонец | |
Познат | македонски комунист и национален деец |
Затвори