Мукденски инцидент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мукденски инцидент или Манџуриски инцидент ― настан исцениран од јапонски воен персонал кој послужил како изговор за јапонската инвазија на Манџурија во 1931 година.[1] [2] [3]
На 18 септември 1931 година, поручник Суемори Кавамото од независната гарнизонска единица од 29-от јапонски пешадиски полк (独立守備隊code: ja is deprecated ) детонирал мало количество динамит [4] на железничка линија во близина на Мукден (денешен Шенјанг).[5] Јапонската царска армија за инцидентот ги обвинила кинеските дисиденти и одговорила со целосна инвазија и окупација на Манџурија, каде што шест месеци подоцна Јапонија ја основала својата марионетска држава, Манџукуо.