Науки за Земјата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Науки за Земјата е сеопфатен термин за науки поврзани со планетата Земја.[2] Тоа е веројатно посебен случај во планетарна наука, знаејќи дека Земјата е единствената планета за која што е познато дека има живот. Постојат два пристапи кон науките за Земјата: редукционистичкиот и холистички. Официјалната дисциплина на науките за Земјата може да вклучи и проучување на атмосферата, хидросферата, океаните и биосферата, како и цврста земја. Обично земјонаучниците (геонаучници) користат сознанија од физика, хемија, биологија, хронологија и математика да изградат квантитативно разбирање за тоа како работи Земјиниот систем, и како еволуирал до неговата сегашна состојба.