Области во Египет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Египет е поделен на 27 области или „мухафази“ (арапски: محافظات). Секоја област има свој управник, назначен од претседателот на државата, кој има право и да го разреши по свое наоѓање. Највеќето области имаат густина на населението поголема од 1.000 жит/км2, додека трите најголеми имаат густина помала од 2 жит/км2.
Областите можат да бидат наполно градски или градско-селски. Селските имаат региони или „маркази“, а градските немаат, поради тоа што самата оваа единица подразбира збир од села. Кај најголемите градови, областа може да опфаќа само еден град, како што е случај со Каиро и Александрија. Така, овие градови-области се поделени само на окрузи (населби). Каиро има 23 окрузи, а Александрија има 6.
Селските области во Горен Египет и долж Суецкиот Канал го носат името на нивните административни центри, додека пак оние во делтата на Нил и пустинските предели имаат самостојни називи (со исклучок на Кафр ел-Шејх, Дамиета и Матрух).