Арапски јазик
јазик / From Wikipedia, the free encyclopedia
Арапскиот (العربية al-ʻarabīyah или عربي/عربى ʻarabī ) ([alʕaraˈbijja]ⓘ или ([ˈʕarabiː]ⓘ) е семитски јазик. Поимот „арапски јазик“ се користи за сите потомци (дијалекти/ јазици) на класичниот арапски јазик од 6 век. Овој поим ги опфаќа како говорните, така и пишаните дијалекти на јазикот. Јазикот се зборува на огромна површина, поточно од Средниот Исток па сè до крајните точни на Северна Африка. Како дел од семитските јазици, арапскиот јазик најсроден е со хебрејскиот, арамејскиот, феникискиот и угаритскиот јазик.
Арапски јазик | |
---|---|
العربية/عربي/عربى al-ʻarabiyyah/ʻarabī | |
al-ʿArabiyyah на пишан арапски. | |
Изговор | /al ʕarabijja/, /ʕarabiː/ |
Застапен во | Најголем дел од државите членки во Арапската лига, но и во Израел, Иран, Турција, Еритреја, Мали, Нигер, Чад, Сенегал, Јужен Судан, Етиопија |
Говорници | 295 милиони (2010)[1] |
Јазично семејство | афроазиско
|
Стандардни облици | |
Дијалекти | магрепски арапски дијалект
централни арапски дијалект
северни арапски дијалекти
јужни арапски дијалекти
|
Писмо | арапско писмо арапска Брајова азбука сириска азбука хебрејско писмо |
Статус | |
Службен во | Современиот стандарден арапски јазик е службен во 27 држави[2] Список
|
Регулативен орган | Список
|
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | ar |
ISO 639-2 | ara |
ISO 639-3 | ara арапски |
Употреба на арапскиот јазик како единствен официјален (зелено) или како еден од повеќе официјално јазици (сино). | |
|
Литературната форма на арапскиот јазик се нарекува стандарден арапски јазик, или литературен јазик. Таа форма е единствена официјална форма на јазикот, која се користи за пишана комуникација, во образованието, власта, медиумите и слично. Јазикот е службен во 27 држави во светот, но и во важни меѓународни организации, како што се: Африканската Унија, ООН или Арапската лига.