From Wikipedia, the free encyclopedia
Одеса (украински: Одеса, руски: Одесса, романски: Odesa) — град во Украина на Црното Море. Одеса е големо пристаниште и културен центар, како и административен центар на Одеската Област. Населението на градот според последниот попис во 2004 било 1 012 500 жители. Во 1945 г. година е прогласен за град-херој.
Одеса | |||
---|---|---|---|
Местоположба во Украина | |||
Координати: 46°28′N 30°44′E | |||
Држава | Украина | ||
Област | Одеска област | ||
Реон | Одеса | ||
Основан | 2 септември 1794 | ||
Управа | |||
• Претседавач на градскиот совет | Алексеј Костушев | ||
Површина | |||
• Градска | 236,9 км2 (915 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 40||
Најг. вис. | м | 65||
Најм. вис. | м | −4,2||
Население (1 јули 2011) | |||
• Градско | 1,003,705 | ||
• Густина | 6.141/км2 (15,910/ми2) | ||
• Метро | 1,191,0001 | ||
• Демоним | украински: Одесит, одеситка | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Поштенски број | 65000–65480 | ||
Повик. бр. | +380 48 | ||
Мреж. место | odessa.ua | ||
1 Населението во градскиот дел според пописот 2001 |
Претходница на градот Одеса било едно мало место населено со Татари, чиј водач бил Хаџи I Герај, кримски хан, по кого и тогашното гратче се викало „Хаџибеј“. По кус период на литванско владеење, градот потпаднал под османлиска власт во 1529 г. Под нивна управа останал сè до поразот на Османлиите во Руско-турската војна од 1792. Денешната Одеса била изградена по декрет од кралицата Катерина II во 1794. Од 1819 до 1858 градот бил слободна зона, а за време на Советскиот Сојуз претставувал главно поморско упориште и важна база за морнарицата.[1] На 1 јануари 2000 г. одеското пристаниште било прогласено за слободна економска зона во период од 25 години.
Во 19. век Одеса бил четвртиот најголем град во Руската Империја, веднаш зад Москва, Санкт Петербург и Варшава.[2] Архитектонскиот стил на градот повеќе наликува на оној од средоземните земји, отколку на стилот од словенските. Дел од постарите градби се мешавина од модернистички, ренесансен и класичен стил.[3]
Одеса е стратешки важен пристаништен град на Црното Море. Пристаништата Јужна и Иличовск се двете витални точки на градот. Тие меѓусебно се поврзани со развиена и модернизирана железница. Во градот се изградени неколку нафтени и хемиски фабрики, кои преку долги цевководи се поврзани со Русија и земјите од ЕУ.
Украинците се доминатниот етникум со 62% од вкупното население во Одеса. Руското малцинство е доста застапено, со 29% од популацијата во милионски населениот град. И покрај тоа што поголемиот дел од жителите национално се произнесле како Украинци, рускиот јазик е јазикот кој најмногу се говори во градот, па дури и од страна на мештаните со не-руско потекло. Освен овие две етнички групи, во Одеса уште живеат Албанци, Ерменци, Бугари, Кримски Татари, Грузијци, Грци, Евреи, Роми и Турци. Пред почетокот на Втората светска војна, во местото имало голема еврејска заедница, но поради нивната масовна депортација во концентрационите логори, нивниот број значително опаднал. Во текот на 1970-тите и преостанатите Евреи се иселиле од градот во странство. Во прилог е табелата со бројот на вкупното население по определени временски периоди.
Според извршените пописи и проценки | |
---|---|
Година | Население |
1795 | 122 |
1799 | 4.117 |
1814 | 20.000 |
1820 | 60.000 |
1850 | 100.000 |
1873 | 181.000 |
1881 | 208.000 |
1900 | 400.000 |
1910 | 500.000 |
2001 | 1.029.000 |
2006 | 993.000 |
2007 | 1.080.000 |
2010 | 1.009.000 |
2011 | 1.004.000 |
2012 | 1.007.000 |
Одеса има суптропска клима, со влијанија од континентална и степска клима. Поради овие поволни климатски услови, туризмот во градот бележел постојан развој. За време на царска Русија, богатите болни луѓе биле испраќани на престој во ова крајбрежно место како би се одмориле и закрепнале. Вредно е да се спомене дека таму снегот е многу ретка појава, за што придонесува топлото зимско време. Зимите се благи и суви, а температурата на воздухот ретко оди под нулата. Речните корита во Одеса никогаш не замрзнуваат. Што се однесува до летата, тогашната просечна температура е над 30 °C.
Климатски податоци за Одеса, 1981-2010 | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 15.1 (59.2) |
18.6 (65.5) |
24.1 (75.4) |
29.4 (84.9) |
33.3 (91.9) |
35.6 (96.1) |
39.3 (102.7) |
38.0 (100.4) |
32.4 (90.3) |
30.5 (86.9) |
26.0 (78.8) |
16.3 (61.3) |
39.3 (102.7) |
Прос. висока °C (°F) | 2.2 (36) |
2.7 (36.9) |
6.6 (43.9) |
13.0 (55.4) |
19.5 (67.1) |
24.0 (75.2) |
27.0 (80.6) |
26.5 (79.7) |
21.0 (69.8) |
15.0 (59) |
8.4 (47.1) |
3.7 (38.7) |
14.1 (57.4) |
Сред. дневна °C (°F) | −0.5 (31.1) |
−0.2 (31.6) |
3.5 (38.3) |
9.4 (48.9) |
15.6 (60.1) |
20.0 (68) |
22.6 (72.7) |
22.3 (72.1) |
17.2 (63) |
11.6 (52.9) |
5.7 (42.3) |
1.1 (34) |
10.7 (51.3) |
Прос. ниска °C (°F) | −2.8 (27) |
−2.6 (27.3) |
1.0 (33.8) |
6.6 (43.9) |
12.1 (53.8) |
16.3 (61.3) |
18.5 (65.3) |
18.2 (64.8) |
13.5 (56.3) |
8.6 (47.5) |
3.2 (37.8) |
−1.2 (29.8) |
7.6 (45.7) |
Најниска забележана °C (°F) | −26.2 (−15.2) |
−28.0 (−18.4) |
−16.0 (3.2) |
−5.9 (21.4) |
0.3 (32.5) |
5.2 (41.4) |
7.5 (45.5) |
7.9 (46.2) |
−0.8 (30.6) |
−13.3 (8.1) |
−14.6 (5.7) |
−19.6 (−3.3) |
−28.0 (−18.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 34 (1.34) |
37 (1.46) |
32 (1.26) |
27 (1.06) |
36 (1.42) |
49 (1.93) |
45 (1.77) |
38 (1.5) |
43 (1.69) |
34 (1.34) |
41 (1.61) |
35 (1.38) |
451 (17.76) |
Прос. бр. врнежливи денови | 9 | 7 | 10 | 11 | 12 | 13 | 10 | 8 | 9 | 10 | 13 | 10 | 122 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 77.5 | 81.9 | 124.0 | 186.0 | 263.5 | 291.0 | 313.1 | 300.7 | 240.0 | 170.5 | 78.0 | 55.8 | 2.182 |
Извор бр. 1: pogoda.ru,[4] | |||||||||||||
Извор бр. 2: опсерваторијата во Хонгконг.[5] |
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.