Окленд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Окленд (англиски: Auckland, маорски: Tāmaki Makaurau) — град на Северниот Остров на Нов Зеланд и најголем град во земјата. На маорски градот го носи името Tāmaki Makaurau или Ākarana. Има околу 1,6 милиони жители, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг — една третина од населението на Нов Зеланд.
Окленд Auckland / Tāmaki Makaurau | |
---|---|
Прекар(и): Град на едрата | |
Окленд на Северниот Остров | |
Координати: 36°50′26″S 174°44′24″E | |
Земја | Нов Зеланд |
Остров | Северен |
Регион | Окленд |
Територијална управа | Окленд |
Населен од Маори | ~ 1350 |
Населен од Европејци | 1840 |
Месни одбори | Список
|
Управа | |
• Градоначалник | Вејн Браун |
Површина | |
• Градска[1] | 559,2 км2 (2,159 ми2) |
Најг. вис. | &10000000000000196000000196 м |
Најм. вис. | &100000000000000000000000 м |
Население (јуни 2022) | |
• Регион/метро | 1,715,600 |
Час. појас | NZST (UTC+12) |
• Лето (ЛСВ) | NZDT (UTC+13) |
Пошт. бр. | 0500-2999 |
Повик. бр. | 09 |
Месни племиња | Нгати Фатуа, Таинуи, Нгати Акарана |
Мреж. место | aucklandcouncil.govt.nz |
Се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, заливот Манукау на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го зазема теснецот помеѓу заливот (или „пристаниште“) Манукау на Тасмановото Море и заливот Ваитемата на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани.