Октомвриска револуција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Октомвриска револуција (позната и како Болшевичка револуција) — втората фаза на Руската револуција од 1917 г. Првата фаза на Руската револуција започнала со Февруарската револуција во истата година. Револуцијата ја кренале руските болшевици на чело со Владимир Ленин и Лав Троцки заедно со меншевиците, левите социјалисти и анархистите. Оваа револуција била првата марксистичко-комунистичка револуција во историјата.
Октомвриска револуција | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Руска револуција (1917), Руска граѓанска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
КПСС леви есери црвена гарда Конгрес на Советите
| Руска република (до 7 ноември) | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Владимир Ленин Лав Троцки Павел Дибенко | Александар Керенски | ||||||
Сила | |||||||
10.000 црвени морнари, 20.000 - 30.000 црвеногардејски војници | 500 - 1.000 војници доброволци, 1.000 војници |
Дел од темата |
---|
(1917 — 1927) |
Руска револуција |
(1927 — 1953) |
Сталинизам • Голема чистка |
(1953 — 1964) |
(1964 — 1982) |
Реформи од 1965 |
(1982 — 1991) |
Перестројка |
Портал:СССР |
На почетокот, овој настан се нарекуваше Октомвриско востание или Востанието од 25-ти, на пример, во првите изданија на севкупните дела на Ленин. Неговиот официјален назив, „Голема октомвриска социјалистичка револуција“ потекнува од прославата на 10-годишнината од револуцијата во 1927 г.
Резултатот од револуцијата било воведување на еднопартиска власт на комунистите и реорганизација на претходното Руско царство во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.