Општина Делчево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Општина Делчево — општина во Источна Македонија. Центар на општината е градот Делчево. Географската површина изнесува 423 км2 и живеат околу 17.713 жители. Во Делчево се има 22 населени места и тоа: градот Делчево и селата: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово (Делчевско), Град (Делчевско), Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик (Делчевско). Градот го носи името на гордоста на македонскиот народ - Гоце Делчев. Во минатото општината била позната и под името „Царево Село“.
Кратки факти Општина Делчево, Држава ...
Општина Делчево | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Седиште | Делчево | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Горан Трајковски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 423 км2 (163 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 13.585 | ||
• Густина | 32/км2 (83/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +033 | ||
Регистарски таблички | DE | ||
Мреж. место | delcevo.gov.mk |
Затвори