Патен систем на Инките
From Wikipedia, the free encyclopedia
Покрај големиот број на патни системи во пред-колумбиска Јужна Америка, патниот систем на Инките или наречен Капак Њан[1] бил најраспространетиот патен систем и најнапреден. Мрежата се засновала на два големи и главни патишта север-југ. Источниот дел започнувал од Кито во Еквадор до Мендоса, Аргентина. Запдниот дел се протегал покрај брегот, освен во пустинскиот дел од Јужна Америка. Над 20 патни правци се протегале во високите планински предели. Сите патишта ги поврзувале покраините на Империјата на Инките, од Еквадор до Чиле.