Петар Делјан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Петар Делјан — македонски монарх и водач во македонското востание[1] против Византиското Царство. Петар Делјан потекнува од македонска царска династија и бил син на Гаврил Радомир, синот на моќниот Цар Самоил.[2] Во Белград во 1040 година Петар Делјан на договорено место се сретнал со македонските водечки луѓе и бил прогласен за цар на Самоиловото царство и Македонија[3]. Владеел до неговата смрт во 1041 година[4] (една година по прогласувањето за владетел).
Кратки факти Петар Делјан, На престол ...
Петар Делјан | |
---|---|
Цар на Средновековна Македонија | |
Петар Делјан | |
На престол | 1040–1041 |
Претходник | Пресијан II |
Наследник | Константин Бодин |
Роден(а) | околу 1001 година Унгарија |
Починал(а) | 1041 |
Татко | Гаврил Радомир |
Мајка | Маргарита Унгарска |
Затвори