Пролет
годишно време / From Wikipedia, the free encyclopedia
Пролет — едно од четирите умерени годишни времиња. Пролетта го означува преминот од зима во лето. Нејзините денови се долги околу 12 часа со растечка дневна должина, и настануваат некаде пред рамноденицата. Едногодишните растенија цветаат во пролетта. Во северната полутопка, празниците како Велигден и Ден на планетата Земја се случуваат во пролет, која трае од мај до јуни. Во јужната полутопка, празниците како Рош ашана и Јом кипур се случуваат во пролет, која трае од септември до декември. Исто така, сезоната на тропски циклони започнува за време на доцна пролет во двете полутопки, иако е поретка во северниот Атлантски Океан отколку во басените на другите океани.
Годишни времиња |
Пролет |
Лето |
Есен |
Зима |