Професор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Професор е личност која изведува, односно се занимава со предавање одреден предмет во средно училиште, факултет или некаква академија. Најчесто, професорот е човек со завршен факултет и положен стручен испит. Факултетските професори мора да имаат завршено магистратура и докторат и да бидат избрани во научно звање.
Во Република Македонија постојат неколку научни звања: асистент, доцент, вонреден професор и редовен професор. Нивниот избор во исто или во повисоко звање се одвива на секои пет години.[1][2]
Постои и титула „емеритус“ (Emeritus), којашто се дава на пензионирани професори, кои и понатаму остваруваат значајни достигнувања од одредена научна област.