Рожница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рожница (латински: cornea) — дел од надворешната обвивка на окото (corneosclera, tunica fibrosa oculi). Таа е мазна, сјајна, проѕирна и многу чувствителна. Врши заштитна улога за окото и е особено важна како најсилниот оптички елемент на окото. Рожницата се образува во петтиот месец од внатреутробниот развој. Има мешано ембрионско потекло, што значи дека се образува по сложен механизам од редоследи на созревање на живото ткиво и потекнува од два слоја на исконскиот ембрион.[1][2]