Роџер Федерер
Швајцарски тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Роџер Федерер (германски: Roger Federer, Базел, 8 август 1981) e професионален швајцарски тенисер, моментен светски број еден, кој успеал да остане на АТП листата рекордни 237 последователни недели,[6] а вкупно повеќе од 310 недела, што исто така претставува рекорд. Од 3 март 2019 тој е рангиран на четврти место од страна на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП). Многу тениски критичари и негови колеги, го сметаат за најдобар тенисер на сите времиња.[7][8][9][10][11][12][13][14][15][16][17]
Прекар | Федерер Експрес („Федекс“), Кралот Федерер[1][2][3][4] | |
Земја | Швајцарија | |
Место на живеење | Ботминген, Швајцарија | |
Дата на раѓање | 8 август 1981
| |
Место на раѓање | Базел, Швајцарија | |
Висина | 1.85m | |
Тежина | 85 кг [5] | |
Професионалец | 1998 | |
Игра со | • десна рака • еднорачен бекхенд | |
Заработка | $ 123,632,204 | |
Синглови | ||
Резултат: | 1251–275 | |
Титули во кариера: | 101 | |
Највисок дострел: | 1 (2 февруари 2004) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | П (2004, 2006, 2007, 2010, 2017, 2018) | |
Ролан Гарос | П (2009) | |
Вимблдон | П (2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2009, 2012, 2017) | |
УС Опен | П (2004, 2005, 2006, 2007, 2008) | |
Двојки | ||
Резултат: | 131–93 | |
Титули во кариера: | 8 | |
Највисок дострел: | 24 (9 јуни 2003) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
Федерер е рекордер по бројот на освоени титули на Гренд слем турнирите, 20 (6 на Отвореното тениско првенство на Австралија, 1 на Ролан Гарос, 8 на Вимблдон и 5 на Отвореното тениско првенство на САД). Тој исто така има освоено и 15 турнири од АТП Мастерс серијата, 4 турнири од Мастерс серијата и златен медал во игра на двојки, заедно со Станислас Вавринка на Летните олимписки игри - 2008, одржани во Пекинг. Федерер држи и многу други рекорди, меѓу кои најзначајни се 10 последователни учества во финалните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2005 до Отвореното првенство на САД во 2007), како и 20 последователни учества во полуфиналните мечеви на Гренд Слем турнирите (од Вимблдон 2004 до денес). Тој, исто така е и тенисерот со најголем број на победи на трева (65) и тврда подлога (56) во историјата на отворената ера во тенисот. Со победата на Ролан Гарос во 2009, Федерер стана шестиот тенисер кој победил на сите 4 Гренд Слем турнири.
Благодарение на сјајните успеси, Федерер е избран за спортист на годината според списанието Ларус, 4 години по ред (од 2005 до 2008), а за истото признание бил номиниран и во 2004, но не успеал да го добие.[18] Во 2009 година, АТП го избрал Роџер за најдобар играч на деценијата (2000-2009).[19] Во 2011 Федерер бил рангиран на 25. место на највлијателни славни личности според магазинот Форбс.[20]
Федерер е оженет за поранешната тенисерка Мирка Федерер (родена Мирослава Вавринец), која работи како негов менаџер за односи со јавноста. На 23 јули 2009 тие ги добија нивните први деца - близначките Мајла Роуз и Шарлин Рива. Федерер има двојно државјанство: швајцарско и јужноафриканско.