Садио Мане
Сенегалски фудбалер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Садио Мане (роден на 10 април 1992, во Бамбали, Седиу) — сенегалски фудбалер, крило на Баерн Минхен и на сенегалската репрезентација.
Садио Мане | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Садио Мане[1] | ||
Роден на | 10 април 1992(1992-04-10) (32 г.)[2] | ||
Роден во | Бамбали, Седиу, Сенегал | ||
Држава | Сенегал | ||
Висина | &100000000000001740000001,74 м | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Ливерпул | ||
Број | 10 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011–2012 | Мец | 22 | (2) |
2012–2014 | Салцбург | 63 | (31) |
2014–2016 | Саутхемптон | 67 | (21) |
2016–2022 | Ливерпул | 196 | (90) |
2022- | Бајерн Минхен | 20 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
2012- | Сенегал | 95 | (35) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010 |
Мане ја започнал својата фудбалска кариера во францускиот клуб Мец на 19-годишна возраст, но по само една сезона го напуштил клубот за да му се приклучи на австриски Ред Бул Салцбург во 2012 година за сума од 4 милиони евра, каде што ги освоил првенството и купот во сезоната 2013–2014. Во летото 2014, Мане преминал во редовите на англискиот клуб Саутхемптон за клупски рекорд од 11,8 милиони фунти. Таму, тој поставил нов рекорд во Премиер лигата за најбрзиот хет-трик, постигнат за 176 секунди во победата од 6–1 над Астон Вила во 2015 година.[3]
Во 2016 година, Мане потпишал за Ливерпул, во трансфер вреден 34 милиони фунти каде што работејќи со менаџерот Јирген Клоп неговата кариера ќе биде во постојан успон. Тој му помогнал на Ливерпул да стигне до финалето на УЕФА Лигата на шампионите во 2018 и 2019 година, победувајќи во второто со што клубот станал европски шампион. Потоа, тој исто така помогнал клубот од Анфилд да стави крај на сушата од 30 години без освоена првенствена титула, со освојувањето на Премиер лигата 2019-2020, за која Мане имал придонес со 18 погодоци.
За својата земја, репрезентацијата на Сенегал, Мане досега има 87 настапи и 29 гола, со што моментално е рангиран како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата (изедначен со Анри Камара) и се наоѓа на третото место по бројот на настапи. Тој го претставувал Сенегал на Олимписките игри 2012 и на Светското првенство 2018, во само второто учество на сенегалците на најзначајниот репрезентативен настан. Исто така, тој настапил на четири турнири на Африканскиот куп на нации во 2015, 2017, 2019 и 2021 година, играјќи двапати во финалето во 2019 и 2021 година, со различни резултати, пораз во 2019 и освојување на титулата во 2021 на пенали против Египет. Покрај освојувањето на титулата, Мане бил избран и за најдобар играч на турнирот.
Мане досега четири пати бил избран во КАФ Тимот на годината (2015, 2016, 2018, 2019) и ПФА Тимот на годината (2016-2017, 2018-2019, 2019-2020). Во сезоната 2018-2019, тој бил најдобар стрелец во Премиер лигата со 22 гола, изендачен со Мохамед Салах и Пјер-Емерик Обамејанг, по што сите тројца ја поделиле наградата Златна копачка на Премиер лигата. Во 2019 година, тој завршил на четвртото место во изборот за Златната топка за таа година, потоа ја добил наградата за Onze d'Or - за најдобар фудбалер на годината во Европа - во изборот на француското списание Onze Mondial, бил избран во тимот на годината според Европските спортски медиуми и бил вклучен во Тимот на годината на УЕФА. Конечно, тој ја добил наградата за Африкански фудбалер на годината за 2019 година.[4]