From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Винцент и Гренадини, скратено СВГ, (англиски: Saint Vincent and the Grenadines) е држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 389 км2 со вкупно население од 120.000 жители. Државата е составена од островот Свети Винцент и две третини од островите Гренадини, каде една третина припаѓа на Гренада.
Свети Винцент и Гренадини |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Pax et Justitia" (латински) „Мир и правда“ |
||||||
Химна: "Свети Винцент, земјо многу убава" (Saint Vincent, Land So beautiful) Кралска химна: "Боже, чувај го Кралот" 'God Save the King' |
||||||
Главен град | Кингстаун | |||||
Најголем град | гл. град | |||||
Службен јазик | англиски | |||||
секојдневен јазик | винќански креолски | |||||
Народности |
|
|||||
Демоним | Светивинќанец, Винќанец | |||||
Уредување | Унитарна парламентарна уставна монархија | |||||
• | Монарх | Чарлс III | ||||
• | Гувернер | Сузан Дуган | ||||
• | Премиер | Ралф Гонсалвес | ||||
Законодавство | Собрание | |||||
Независност | ||||||
• | Придружна држава | 27 октомври 1969 | ||||
• | од Обединето Кралство | 27 октомври 1979 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 389 км2 (184-та) | ||||
• | Вода (%) | незначително | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 109.643[1] (179-та) | ||||
• | Попис 2011 | 109,991 | ||||
• | Густина | 307 жит/км2 (39-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупен | $1.373 милијарди | ||||
• | По жител | $12,431[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2019 г. | |||||
• | Вкупно | $864 милиони | ||||
• | По жител | $7,827[2] | ||||
ИЧР (2018) | ▲ 0.728[3] висок · 94-та |
|||||
Валута | Источнокарипски долар (XCD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC-4) | |||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .vc | |||||
Повик. бр. | +1 784 |
Северно од Свети Винцент и Гренадините се наоѓа државата Света Луција, источно се наоѓа Барбадос, додека јужно од истата се наоѓа државата Гренада. Главен град на земјата е Кингстаун со службен јазик англиски. Низ историјата, таа била колонија и на Франција и на Велика Британија.
Островот Свети Винцент се стекнал со истото име уште со доаѓањето на Кристофер Колумбо на островот. Имено, тој стигнал на островот на 22 јануари 1498 година кога бил празникот на Свети Винцент од Сарагоса — покровител на Португалија. Претходно островот се викал Хаироун. Понекогаш на македонски државата и островите се именуваат како Свети Винсент и Гренадините.
Свети Винцент и Гренадини е островска држава составена од неколку острови. Државата се наоѓа во Средна Америка, поточно дел е од островите Мали Антили. Јужно од државата се наоѓа Гренада, додека северно е Света Луција. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно се наоѓа Атлантскиот Океан. Најголем остров е Свети Винцент со вкупна површина од 344 км2, додека останатите помали острови Гренадини зафаќаат површина од 45 км2, но јужните островчиња од Гренадините се под контрола на Гренада. Главен град на државата е Кингстаун и државата има вкупно население од 120.000 жители.
бр. | остров | адм. центар | други нас. места | површина (км2) | население |
---|---|---|---|---|---|
1 | Острови Свети Винцент | Кингстаун | Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле | 342.8 | 109010 |
1.1 | Свети Винцент | Кингстаун | Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле | 342.7 | 109000 |
1.2 | Јанг | Јанг Ајланд | Иљја де Форт, Саут Поинт, Сансет Поинт | 0.07 | 10 |
1.3 | останати острови | Кау и Калвс | 0.03 | 0 | |
2 | Гренадини | Порт Елизабет | Довер, Дерик, Ештон,Бедно, Чарлстаун, Клифтон, Френдшип, Ловел, Олд Вол, Пеџет Фарм, Хамилтон | 47.23 | 11000 |
2.1 | Бекија | Порт Елизабет | Хамилтом, Белмон, Пеџет Фарм, Дерик | 17.00 | 5900 |
2.2 | Петит Невис | Ејлин Кориа | 0.29 | 0 | |
2.3 | Кватр | Гранд Беј | Mitchell mansion | 1.52 | 0 |
2.4 | Батовија | Лендинг Поинт | 0.71 | 0 | |
2.5 | Балисо | Лендинг Беј | 1.29 | 0 | |
2.6 | Мустик | Ловел | Британија Беј, Довер | 5.70 | 800 |
2.7 | Петит Мустик | 0.40 | 0 | ||
2.8 | Саван | Норт Поинт | 0.11 | 0 | |
2.9 | Петит Кануан | 0.20 | 0 | ||
2.10 | Кануан | Чарлстаун | Иненс Беј, Глоси, Тафија, Френдшип, Барбрус, Рили Беј, и др. | 7.60 | 1200 |
2.11 | Меро | Олд Вол | Ланс Бандо, Солтвисл Беј, Салин Беј, и др. | 2.10 | 280 |
2.12 | Тобаго | Петит Бато | Петит Рамо, Барадол, Петит Тобак | 0.25 | 0 |
2.13 | Јунион со Хепи и Фригата | Клифтон | Ештон | 9.00 | 2700 |
2.14 | Морпион и уште два насипа | 0.002 | 0 | ||
2.15 | Петит Сент Винсент | Телескоп Хил | Вест Енд Бич, Карибијан Бич, Винди Хил, Крос Поинт, Атлантик Бич, и др. | 0.46 | 80 |
2.16 | Палм | Кактус Хил | Сансет Грил Бич, Норт Бич | 0.54 | 30 |
2.17 | останати острови | Пиџн, Пилорис, Ребит, Доув, Кетолик, Пунес | 0.06 | 0 | |
Свети Винцент и Гренадини | Кингстаун | Џорџтаун, Виара Вилиџ, Бијабу, Порт Елизабет, Шатобеле | 390 | 120000 |
Свети Винцент и Гренадини е уставна монархија каде шеф на државата е кралот Чарлс III. Тој во државата е претставен од генералниот гувернер, кој моментално на таа позиција е Фредерик Балантајн.
Гувернерот има церемонијална улога. Контролата на владата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Моментален премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Државата нема формална армиска војска, но присутна се кралските полициски сили на Свети Винцент и Гренадини.
Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.
|
|
Земјоделството е доминантна гранка во стопанството и производството. Покрај тоа, во државата има и сектор за услуги, кој се заснова на туризмот. Владата не била многу успешна во промоција на нови индустриски гранки и има висок степен на невработеност од 22%. Туризмот во државата има голем потенцијал за развој. Бидејќи филмот Пиратите од Карибите се снимал во оваа држава, тоа резултирало зголемен туризам.
Вкупното население на Свети Винцент и Гренадини изнесува 118.149 жители според пописот од јуни 2008 година. Етнички, 66% од населението е црно, 6% се Индијци, 19% мешано население, 2% се староседелско население, 4% се бело население и 3% останато. Голем дел од населението е со африканско потекло кое било донесено на островите за работа на плантажи. Државата има голем степен на емиграција.
Службен јазик во државата е англискиот јазик, но голем број од населението зборува Винцентски креолски јазик.[4][5][6] Англискиот се користи во образованието, религијата и останатите општествените установи.
Голем дел од населението се Христијани.
Верници во Свети Винцет и Гренадини | ||||
---|---|---|---|---|
Христијани | 88,70 % | |||
Муслимани | 1,50 % | |||
Без Религија | 2,50 % | |||
Хиндуисти | 3,40 % | |||
Народна Религија | 2,00 % | |||
Други | 2,00 % |
Музиката на Свети Винцент и Гренадините вклучува големи тапани, калипсо, сока и други инструменти. Популарни во државата се бендовите. Најпознат меѓународен пејач е Марлон Рудет, водечки вокал на групата Mattafix позната по хитот „Big City Life“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.