Синозелена боја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Синозелената боја (или цијан, од грчки: κυανoῦς) е назив за секоја боја во опсегот помеѓу сината и зелената. Во минатото не се сметала за посебна боја од видливиот спектар - боите што денес се нарекуваат синозелени се сметале за сини или делумно зелени и немале свое име бидејќи важеле за мешавини. Во системот на адитивни бои, поимот синозелена (цијан) се однесува на бојата што се добива при мешање на подднакво количество на сина и зелена светлина. Се добива и со отстранување на црвената од белата светлина, што значи дека е комплементарна на црвената: синозелените пигменти ја впиваат црвената светлина. Присутна е во бојните системи RGB и CMYK.
Кратки факти Синозелена, Спектрални координати ...
Синозелена | |
---|---|
Спектрални координати | |
Бран. долж. | 490–520 нм |
Честота | 610–575 ТХц |
Општоприфатен симболизам | |
вода | |
Бојни координати | |
Хекс. тројка | #00FFFF |
sRGB1 (r, g, b) | (0, 255, 255) |
Извор | Боен модул за CSS, III степен |
1: Нормализирано на [0–255] |
Затвори
Некои тонови близу до синозелената се берија, тиркизната боја, електричната сина и аквамаринот.