Скала на моментна магнитуда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скалата на моментна магнитуда или моментна скала (крат. СММ или MMS, се означува со симболот MW) — скала во сеизмологијата што се користи за мерење и изразување на величината на еден земјотрес со оглед на ослободената енергија.[1] Магнитудата (величината) се заснова на моментот на земјотресот, кој е еднаков на крутоста на Земјата помножена со просечното количество на слизнување на раседот и големината на слизнатата површина.[2] Скалата е измислена во 1970-тите како замена за Рихтеровата скала (ML). Иако формулите се различни, моментната скала ја задржува познатата последователност на величински (магнитудни) вредности утврдени во Рихтеровата. Оваа скала денес наоѓа сеопшта примена во Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) при изразувањето на магнитудите на сите поголеми земјотреси во денешницата .[3]