Сува Гора (Преспа)
планина во Мала Преспа, Албанија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сува Гора или Сува Планина (албански: Mali i Thatë) — планина во Мала Преспа, југоисточна Албанија со мал крак во околината на Љубаништа и Свети Наум во Охридско, југозападна Македонија и дел во Долна Преспа, Егејска Македонија. Висока е 2.288 м и претставува јужно продолжение на Галичица. Се граничи со Преспанското Езеро на исток, Охридското Езеро на северозапад и гледа кон градот Поградец на запад. Се протега во должина од 25 км во правец север-југ, а широка е 8 км во средишниот дел. Највиско место на планината е Вир (Pllaja e Pusit), на нешто поголема височина од врвот на самата Галичица во потесна смисла. Од овој врв се гледаат неколку планини во Албанија, Охридското и Преспанското Езеро, како и планината Баба на Пелистер (2.601 м) — трета по висина во Македонија.
Сува Гора | |
---|---|
Mali i Thatë | |
Поглед на билото на Сува Гора кон Грамошта во далечината, на растојание од 65 км | |
Највисока точка | |
Врв | Вир |
Надм. вис. | 2.288 м [1] |
Координати | 40.8833° СГШ; 20.8333° ИГД / 40.8833; 20.8333 |
Географија | |
Место | Мала Преспа, Албанија |
Матичен венец | Галичица |
Геологија | |
Старост на карпата | мезозоик |
Вид | варовничка |
Планината има антиклинален облик и е речиси целосно сочинета од мезозојски варовнички образби.[2] Падините се карпести и каменливи (особено од западната страна), додека пак билото е речиси рамно, но полно со карстни шуплини.