Талин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Талин (естонски: Tallinn) — главен град и најголем град во Естонија. Градот се наоѓа на северниот брег на земјата, на брегот на Финскиот Залив, 80 километри јужно од Хелсинки, источно од Стокхолм и западно од Санкт Петербург. Од 13 век до 1918 година (и за краток период од нацистичката окупација на Естонија 1941-1944), градот бил познат како Ревал. Талин зафаќа површина од 159,2 км2 и има население од 443.268 жители. Околу 32% од вкупното население на Естонија живее во Талин.
Стариот дел на Талин | |||
|
|||
Mестоположба | |||
---|---|---|---|
Местоположба на општината Талин во Естонија | |||
Координати | |||
Општи податоци | |||
Име - официјално - изворно |
Талин Град Талин Tallinn | ||
Основан | 1154 | ||
Портал | www.tallinn.ee | ||
Управа | |||
Земја | Естонија | ||
Област | Харју | ||
Градоначалник | Едгар Сависаар | ||
Географија | |||
Површина | 159,2 km² | ||
Население | |||
Население | 400 911 (2007) | ||
Густина | 2506,9 ж./km² (2007) | ||
Талин бил основан во 1248 година, но најстарите човечки населби биле пронајдени пред повеќе од 5.000 години, кое го прави еден од најстарите главни градови на Северна Европа. Поради својата стратешка локација, градот станал голем трговски центар, особено од 14 до 16 век, кога се здобил со важност како дел од Ханза.
Стариот град во Талин е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа и од страна на УНЕСКО е вклучен во Списокот на светско наследство во Европа. Талин е главен политички, финансиски, културен и образовен центар на Естонија. Честопати градот се нарекува Силициумска Долина на Европа, со најголем број по жител стартап корисници во Европа и е родно место на голем број меѓународни компании, вклучувајќи го Skype и Центарот за сајбер одбрана на НАТО. Тој е рангиран како глобален град и се наоѓа на списокот меѓу најдобрите 10 дигитални градови во светот. Градот бил европска престолнина на културата за 2011 година, заедно со Турку во Финска.