Титикака
најголемото езеро во Јужна Америка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Титикака (шпански: Lago Titicaca, кечуански: Titiqaqa Qucha) — најголемото езеро во Јужна Америка и се наоѓа на западниот дел од континентот.[1][2][3] Тоа е воедно и највисокото пловно езеро во светот[4] (се наоѓа на 3.810 метри надморска височина).[5] Долго е 196, а широко 56 километри во просек и се протега од југоисточниот дел на Перу па сè до западна Боливија. Површината изнесува 8.300 км, а најдлабоката точка се наоѓа на 280 метри под површината.[6] Вкупно 25 реки со површина од околу 58.000 км се влеваат во езерото Титикака кај областа Алтиплано. На јужната страна од Титикака се наоѓа единствениот одлив од езерото - Desaquadero. Поради испарувања езерото губи 95% од влеаната вода. Титикака има 41 остров, од кои многумина се населени, а најголемиот остров е Титикака (Isla de Titicaca). Во околината на езерото може и ден денес да се најдат остатоци од градби од кои некои потекнуваат од времето на Инките. Располага со многу видови риби, а околината на бреговите се користи главно за земјоделство.
Титикака Titicaca | |
---|---|
Поглед од боливиска страна. | |
Координати | 15°50′S 69°20′W |
Вид | планинско езеро |
Главни приливи | 27 реки |
Главни истеци | Десагвадеро Испарување |
Слив | &1000000000005800000000058,000 км2 |
Сливни земји | Перу Боливија |
Најг. должина | 190 км |
Најг. ширина | 80 км |
Површина | &100000000000083720000008,372 км2 |
Прос. длабочина | 107 м |
Најг. длабочина | 284 м |
Зафатнина | 893 км3 |
Брег | 1.125 км |
Надм. височина | 3.812 м |
Острови | 42+ острови |
Населени места | Пуно, Перу Копакабана, Боливија |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |