Томи Хас
германски тенисер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Томас Марио „Томи“ Хас (роден на 3 април 1978 г.) — германски професионален тенисер. Тој се натпреварува на АТП турнирите од 1996 година. Откако во 1997 година се рангирал помеѓу првите 100 најдобри тенисери во светот и во мај 2002 година го достигнал врвот во неговата кариера со заземање на 2. место на АТП листата, неговата кариера била прекината поради повреди. Првиот период на повреди предизвикал да ја пропушти целата сезона во 2003 година, и не успеал да се врати помеѓу првите 10 до 2007 година. Хас исто така пропуштил да игра во периодот помеѓу февруари 2010 и јуни 2011, но откако се вратил на терените повторно се рангирал меѓу првите 20 на АТП листата.
Хас на Ролан Гарос 2009 | |
Име | Томас Марио Хас |
---|---|
Земја | Германија |
Место на живеење | Брејдентон, САД Лос Анџелес, САД |
Роден на | 3 април 1978(1978-04-03) (46 г.) |
Роден во | Хамбург, Германија |
Спорт | Тенис |
Висина | &100000000000001880000001,88 м |
Професионалец | 1996 |
Игра со | • десна рака • еднорачен бекхенд |
Заработка | $ 13,225,781 |
Победи-порази | 563–321 (63.68%) |
Титули | 15 |
Највисок пласман | Бр. 2 (13 мај 2002) |
Сегашен пласман | Бр. 506 (31 август 2015)[1] |
Австралијан Опен | ЧФ (1999, 2002, 2007) |
Ролан Гарос | ЧФ (2013) |
Вимблдон | ПФ (2009) |
УС Опен | ЧФ (2004, 2006, 2007) |
Други турнири | |
Олимписки игри | Сребрен медал (2000) |
Победи-порази | 68–79 |
Титули | 1 |
Највисок пласман | Бр. 82 (3 февруари 2014) |
Ролан Гарос | 1К (2011) |
УС Опен | 1К (2005) |
Ажурирано на: 31 август 2015. |
Олимписки медали | ||
Натпреварувач за Германија | ||
---|---|---|
Тенис во машка конкуренција | ||
2000 Сиднеј | Поединечно |
Хас никогаш нема освоено Гренд Слем турнир и неговите најдобри резултати се полуфинални двобои, трипати на Отвореното првенство на Австралија и еднаш на Вимблдон. Тој има освоено 15 титули АТП титули вклучувајќи еден Мастерс турнир и има освоено сребрен медал на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј.