Тон (боја)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тон — едно од главните својства на бојата, што технички се дефинира како „степенот во кој еден стимул може да се опише како сличен на или различен од стимулите што се опишуваат како црвено, зелено, сино и жолто“,[1] (т.н. самобитни тонови). Други параметри на боите се бојноста, обоеноста, заситеноста, светлоста и амбиенталната светлост.
Боите со ист тон се разликуваат по својства како нивната светлост и/или обоеност (хрома). Така, имаме „светлосина“, „пастелна сина“, „силна сина“. Исклучоци се кафеавата, која е всушност темна портокалова,[2] и розовата, која е светлоцрвена со намалена обоеност.
Во сликарството и изучувањето на боите, тонот се однесува на „чиста“ боја без нијанси (без додаден бел или црн пигмент).[3] Во мозокот, први што го восприемаат и толкуваат тонот се подрачјата наречени „глобови“.[4][5]