Убиство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Убиство е секое дејство во кое еден човек убива друг човек.[1] Убиството претпоставува само свесен акт на еден човек кој резултира во смрт на друг човек, т.е. убиството вклучува и случајни дејства, дејства од негрижа или од невнимание, дури и кога извршителот немал намера да ја предизвика смртта.[2] Во правото постојат повеќе категории на убиства, вклучувајќи: убиство без умисла, убиство со умисла, оправдано убиство, убиство во самоодбрана, убиство за време на војна, евтаназија, итн. Овие видови убиства се третираат различно во правнитe системи, а некои од нив се дури и дозволени (како, евтаназијата).