Уметничкоисториски музеј (Виена)
ликовен музеј во Виена, Австрија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Уметничкоисториски музеј (германски: Kunsthistorisches Museum) — ликовен музеј во Виена, Австрија, сместен во раскошно здание на улицата Рингштрасе окончено со осумаголен свод.
Kunsthistorisches Museum | |
Основан | 1872-1891 |
---|---|
Место | Виена, Австрија |
Посетеност | 559.150 (2010)[1] |
Мреж. место | khm.at |
Отворен е во 1891 г, истовремено со Природонаучниот музеј (Naturhistorisches Museum), од австроунгарскиот цар Франц Јосиф I. Овие два музеја имаат истоветен изглед и се поставени спротивставено, на секој двата краја од плоштадот Марија Тереза. Изградени се во периодот од 1872 до 1891 г, по нацрт на Готфрид Земпер и Карл Фрајхер фон Хазенауер.
Нарачател на музејот е царот, кој сакал соодветно да ја вдоми огромната уметничка збирка на Хабсбурговците и да ја стави на располагање на јавноста. Фасадата е изработена во песочник, а врз зданието стои свод со висина од 60 метри. Внатрешноста е раскошно украсена со мермер, украсна штукатура, позлата и живопис.