From Wikipedia, the free encyclopedia
Френк Лојд Рајт (англиски: Frank Lloyd Wright; 8 јуни 1867 - 9 април 1959 ) — прочуен американски архитект, дизајнер, писател и просветен работник, чии дела извршиле огромно влијание врз развојот на западната архитектура во првата половина на XX век. Работел на над 1.000 проекти, од кои повеќе од 500 биле завршени.[1] Рајт бил истакнат претставник на органска органската архитектура, водач на архитектонското движење за изградба на прериски куќи и придонел за развојот на јусоновските градби. Неговата работа се одликувала со изградба на многубројни и разновидни објекти, вклучувајќи згради, цркви, училишта, облакодери, хотели и музеи. Тој, исто така проектирал и внатрешни елементи на градбите, како мебел и витраж.
Рајт напишал околу 20 книги и многу статии, а бил и познат лектор во САД и Европа. Неговиот исполнет живот, често бил тема на разговори заглавје на многу весници, но особено за време на пожарот во неговто студио Талиесин.
Како истакнат и влијателен архитект за време на својот живот, во 1991 година, Американскиот институт за архитектура го прогласил Рајт за „најголем американски архитект на сите времиња.“[1]
Рајт е роден на 8 јуни 1867 г.[2] [3] како Френк Линколн Рајт во Ричленд Сентер, Висконсин, САД, во семејството на Вилијам Расел Рајт, кој бил учител по музика и веронаука и Ана Лојд Рајт, која потекнувала од познатото семејство Лојд.[4] Френк бил воспитуван според каноните на унитаријанската црква. Во детството, посетувал градинка, чијашто улога во образованието на децата во тој период била во подем. Во 1885 година, неговите родители се развеле, а причина за тоа била неспособмоста на Вилијам да се грижи за семејството. По разводот го напуштил Висконсин и како што исткнал, оттогаш повеќе не го видел татка си.[5] Тој, исто така бил оптоварен со бројни финансиски обврски, кои произлегле од потребата да се грижи за мајката и двете сестри.
Рајт бил запишан во средно училиште, но нема документи кои потврдуваат дека го завршил.[6] Во 1885 година, се запишал на инженерскиот факултет на универзитетот Висконсин. Додека студирал на факултетот, тој работел како помошник на градежен инженер од месноста. Го оставил факултетот, без притоа да добие диплома за постигнатиот степен на образование. Во 1887 година, се преселил во Чикаго, каде што се вработил во архитектурното ателје на архитектот Џозеф Лејман Силсби. Ена година подоцна, се вработил во фирмата Adler & Sullivan, со која раководел познатиот идеолог на „чикашката школа“, Луис Саливен.[7] Од 1890, на Рајт му биле доверувани сите проекти, чијацел била изградба на станбени згради. Во 1893 година, Рајт морал да ја напушти компанијата, кога Салеивен дознал дека тој работи и проектирајќи надвор од компанијата.
Истата година, основал сопствена фирма во предградието на Чикаго, Оук Парк. До 1901 година, бројот на проекти на коишто работел се зголемил на околу 50.
Слава на Рајт му донеле „прериските куќи“, кои ги проектирал од 1900 до 1917 година. Градбата на прериската куќа била во стилот на органската архитектура, стил кој е интегриран и единствен со природата.[8]. Градбите изградени со овој стил се одликуваат со отворен изглед, во кој преовладуваат хоризонталните линии; со елементи изградени надвор од кровот на градбата; со тераси, изградени од придони материјали и фасадни рамки, кои служат како прототип на јапонските храмови.[9]. Многу од градбите во овој стил се во облик на крст и во нивниот централен дел се наоѓа огништето, кое делумно е надвор од градбата. При изградбата на прериските куќи, Рајт обрнувал особено внимание и на нивната внатрешност. Тој проектирал мебел и се трудел да го вклопи, уредувајќи ја внатрешноста на најдобар начин. Најпознати прериски куќи, кои ги проектирал се куќата Вилиц, куќата Мартин и куќата Роби.
Својата сопствена куќа, „Талиесин“, Рајт исто така ја изградил во стилот на прериските куќи. Куќата, двапати страдала од пожари, во 1914 и во 1925 година и по двете обнови, соодветно била преименувана во Талиесин II и Талиесин III.
Во 1910 година, додека бил во Германија, Ернст Вазмут го издал двотомното Рајтово дело Студии и завршени градби на Френк Лојд Рајт, кое во чест на издавачот, денес е познато како Вазмутово портфолио. Делото содржи повеќе од 100 литографии од нацртите на Рајт. Сосвојот престој во Германија, градбите на Рајт станале познати и во Европа.
Вториот врв во своето творештво, Рајт го достигнал во 1930-тите. Тој започнал да проектира градби, кои биле изградени од готови материјали и претставувале железни и бетонски конструкции.[10], продолжувајќи да се противи на техницистичките стремежи на функционализмот кон романтичните идеи, единствени соприродата.[11] Во периодот од 1935 до 1935 година, Рајт ја изградил „Куќата над водопадот“ (Fallingwater), која се наоѓа во Пенсилванија, а која била желба на стопанственикот Едгар Кауфман. Градбата претсавува конструкција, која содржи бетонски тераси и вертикални површини од варовник, изградени над челични држачи, кои се наоѓаат над поток. Дел од карпата на која се наоѓа куќата е внатре во куќата и е искористена за внатрешното уредување на куќата. Изградбата на градбата вредело 155.000 $, од кои работата на архитектот била платена со само 8.000 $. СИте делови од конструкцијата на куќата не се покажале како совршени, поради што градбата двапати била реконструирана, во 1994 и 2002 година, при што бил употребен дополнителен челик за изградба на нови челични држачи.
Во овој период, за клиентите од средната класа, Рајт проектирал куќи со поволна вредност. Самиот Рајт, овие куќи ги нарекувал „јусоновски“ или „северноамерикански“, по кратенката U.S.O.N.A (Unites States of Nothern America). „Јусоновските“ куќи биле компактни, економични и се развиле според принципи, познати уште од времето на „прериските куќи“. Широкиот покрив на овие градби надвиснувал над ѕидовите на кои имало тесни и долги прозорци, кои се извишувале дури до таванот. Градбите, кои биле проектирани биле претежно еднокатни и биле во форма на латиничната буква L, со што се вбројувале во градбите со сложена форма. воДома проектировались в основном одноэтажными и L-образными в плане, что позволяло им вписываться в участки сложной формы. Врамената конструкција на градбите овозможувала поевтина изградба.
„Јусоновските“ куќи требало да станат градежни делови на урбаниот концепт на Рајт, наречен „Град на широките хоризонти“. Односниот пренаселен град, требало на природен начин да се „деурбанизира“ со создавање на земјоделски населби, во кои главно превозно средство треба да биде автомобилот. Конептот „Град на широките хоризонти“ значително влијаел на изгледот на малокатните приградски американски згради.
Во периодот на изградба на „јусоновските“ градби, Рајт проектирал и општествени градби, од кои најпозната е зградата на седиштето на компанијата „Џонсон Вакс“, која била изградена во периодот од 1936 до 1939 година во Расин, Висконсин. Основната конструкција претставува централна сала со дрвени колонади, при што секоја колонада се издигнува нагоре. Објектите се групирани околу централното стебло, а квадратните плочи ја создаваат рамката, во која се впишани кружните плочи. Покривањето преку проѕирните стаклени цевки придонесува за создавање на атмосфера на „светост“ на работното место.[12]
Апотеоза на творештвото на Рајт станал музејот „Соломон Гугенхајм“ во Њујорк, којшто архитектот го проектирал и градел цели 16 години (1943-1959). Од надвор, музејот има облик на завртена спирала, а неговата внатрешност потсетува на мијалник, во чиешто средиште се наоѓа пополочен дел. Рајт препорачувал, изложбите да се одржуваат од врвот кон дното, притоа посетителите да се качат до последниот кат со лифт, а потоа постепено да се симнуваат по спиралната пешачка лента. Сликите, виснати на наклонетите ѕидови, при тоа треба да бидат во положба, како што се сликите на сликарски штафелај. Раководството на музејот не ги одобрило сите барања на Рајт, па денес изложбите запшочнуваат од долу нагоре, а не обратно како што препорачал Рајт.
Во станбените згради од тој период, Рајт исто така се откажал од правиот агол, како во уметничките форми и се насочил кон спиралите и кружниците.[13]
Не сите проекти на Рајт биле завршени додека тој бил жив. были реализованы при жизни. Непотребната декорација, која се граничела со „кич“[14] на зградата на окружниот суд Марин била завршена 4 години по неговата смрт. Од проектите кои останале неостварени, а биле замислени, најпознат е проектот за изградба на кулата „Илиној“, којашто се планирало да биде висока една милја, да има облик на призма, која постепено се стеснува кон врвот и во која се планирало дека може да живеат 130.000 луѓе.
Станувајќи просперитетен архитект, Френк Лојд Рајт живеел, трудејќи се од ништо да не се откаже и често бил тема на новинарите.
Официјално, трипати бил во брак, но живеел и со жени со кои не бил официјално во брак. Прва сопруга му била Катерина „Кити“ Ли Тобин, со која стапил во брак во 1889 година. Во 1909 година се разделил од неа, а официјално се развел во 1922 година. Катерине «Китти» Ли Тобин в 1889 году. Брак распался к 1909 году, развод был получен к 1922 году. Заедничкиот живот со Мамој Чени, која била сопруга на еден од неговите клиенти, завршил трагично, бидејќи таа, заедно со сввоите две деца била убиена од слугата во домот „Талиесијн I“, а домот бил запален. Вториот брак го склучил со Миријам Ноел во 1923 година, но бракот се распаднал, бидејќи Миријам станала зависник од морфиум. Последниот брак го склучил со Олга Ивановна Гинценберг, позната како „Олгивана“. Рајт е закопан, заедно со неа и со нивната ќерка во западен Талиесин во градот Скотсдејл во Аризона. На семејните гробишта во Висконсин останал празен гробот на Рајт со надгробната плоча.
Рајт имал седум деца, од кои три сина и чеири ќерки. Од нив, Френк Лојд Рајт помладиот и Џон Лојд Рајт, исто така станале архитекти. Неговата внука, Ен Бакстер била позната глумица и добитничка на филмската награда Оскар.
Без сомневање, Френк Лојд Рајт е една од најконтрадикторните личности во современата архитектура. До крајот на својот живот останал индивидуалист и во начинот на живот и во уметничкото поимање, но и покрај тоа, неговото творештво претставува значаен дел од современата архитектура.
Рајт бил првиот кој интуитивно ја сфатил и разработил идејата за континуиран внатрешен простор, која европските архитекти започнале да ја разработуваат многу подоцна. На европскиот рационализам, кој го пробудил решавањето на конструктивните методи и социјалните аспекти, тој се спротивставил со органското сфаќање на архитектурата, според кое во центарот се става човекот и неговиот однос кон амбиентот во којшто живее. Според тоа, Рајт гоп завршувал секој проект одделно, независно од претходниот и со полна творба.
Силата и оригиналноста на неговата визија се потврдени во последниот период од неговото творештво, во кое, прифаќајки ги европските искуства, создал дела кои по својата поетичност и пластична слобода обележуваат нов пат во архитектонското обликување. Иако, помекогаш бил оптоварен со литературноста и симболиката, неговото целокупно дело според богатството со идеи и разновидност е ненадминливо во современата архитектура.
Во текот на својот живот, Рајт бил прогласен за почесен професор на повеќе универитети, меѓу кои и на универзитетот Висконсин, на кој бил запишан како студент по архитектура. Во некои земји, исто така бил прогласен и за почесен член на одборот на академијата за уметност и архитектура на односната земја.
Сепак, неговата лична слава и прифаќањето на неговите дела биле многу поголеми по неговата смрт. Во 2000 година, неговата „Куќа над водпоадот“ била прогласена за „градба на XX век“. Американскиот институт за архитектура го нарекол Рајт „најголем американски архитект на сите времиња“.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.